Охридските млади виолинисти на сцената во Милано
Охридските млади виолинисти на сцената во Милано. Тие беа дел од меѓународниот оркестар ,,100 млади,, како единствени учесници од Р. Македонијана. Импресиите се многу големи а и искуствата кои ги понеле од Италија.
Тројца млади виолинисти од ОМУ ,,Методи Патче“ беа дел од меѓународниот оркестар ,,100 млади,, како единствени учесници од Р. Македонијана. Концертот се одржа во црквата Санта Кроче во Милано-Италија. Оркестарот е формиран од 100 млади музичари на возраст меѓу 13 и 21 години кои доаѓаат од Италија, Словенија, Србија, Македонија и Чешка. Чест да настапат на сцената во Милано имаа виолинистите Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски. Како најмлад солист со оркестарот настапи Даниел Мојсоски.
Беше прекрасно иако малку напорно бидејќи патувавме триесет часа, но се исплати бидејќи бевме учесници на еден незаборавен концерт, рече виолинистот Мојсоски.
И Бајрам Рамаданоски со воодушевување зборува за гостувањето во Италија.
Многу интересно и големо искуство е гостувањето во Италија и свирењето со еден ваков голем оркестар. Сe запознавме со многу деца од цела Европа и тоа за нас преставува големо богатство, вели виолинистот Рамаданоски.
Целта на проектот е да ги обедини младите студенти на музика за различна возраст, јазик, традиција и нивото на подготовка во единствен оркестар, чија главна цел е да се промовира знаење и размена помеѓу различните култури преку универзалниот јазик на музиката. Професорката по виолина Елица Џуклеска во чија класа се овие три талентирани деца вели дека со голем труд и залагање постигнале вакви резултатаи. Овие млади музичари претходно настапиле на концерт и во Белград, Нови Сад, Блед и Љубљана.
Многу вежбавме по десет до дванаесет часа на ден. Да се направи еден оркестар од сто млади луѓе кои претходно воопшто не свиреле заедно навистина е нешто за воодушевување, рече професорката по виолина.
Следениот музички камп ќе биде од 23 до 30ти август повторно во Милано, а во 2016 год. Охрид ќе биде домаќин на музичкиот камп и ,,оркестарот 100 млади“.
{loadposition content9}