Skip to main content

Вирозите ги полнат педијатриските амбуланти

Вирозите и грипот ги полнат педијатриските амбуланти. Во моментов е пикот на грипот. Лекарите се преоптоварени од работа.
 |  инфодеск  | 

Вирозите, грипот и настинките  ги полнат  педијатриските амбуланти.. Најчесто исти симптоми кај децата кашлица, температура, болки во грло, малаксаност  и бронхопневмонии.

Лекарите велат, моментално е пикот на грипот. Силен бран на вирози и настинки, цели семејства болни. Дневно се случува да имаат по 60 прегледи.

„Јас би спомнал од каде доаѓа називот грип од францускиот збор  што значи зграбува, на тој начин се манифестираат симптомите. Наеднаш со слабост, фебрилни состојби, болки во мускули, општа слабост поготово кај малите деца тоа е поалармантно. Општа слабост дехидратација, повраќање се чести симптоми  кај ними. Треба одма да се реагира бидејки може да дојде до компликации. Симптомите траат до седум дена но може да дојде до влошување фебрилност и после  седум дена и може да се направи подлога за развивање и на бактерии.“ – вели д-р Никола Филев педијатар од Охрид.

Терапијата е  витамини и имунолошки суплементи, здрава храна и течности. Антибиотици само по препорака на лекар а не на своја рака советуваат лекарите.

„За почеток терапијата поготово кај малите деца е да се хидрираат често, течности внес поголем, витаминска терапија стимулатори имунолошки кои помгаат и ја намалуваат реакцијата на грипот и вирозите. Почест надзор, комуникација со докторот бидејки може да дојде до компликации. Ова е контактна болест, заразна во овој период ако е детето болно треба да се изолира тука прават грешки родителите кога ги пуштаат во училиште или градинка и така настанува ширење и цели паралелки и групи се разболуваат што не е добро. Треба излоација да не одат на школо и градинка за да останат здрави другите деца. Превенцијата е самоизлоација и адекватна терапија антибиотици ако треба ќе одлучи докторот, а не Гугл.“- вели д-р Филев.

Според педијатарот со половина век работно искуство во сферата на педијатрија, последниве години и патологијата на вирозите е изменета, имаме се поагресивни вируси  со потешки симптоми. Затоа е поинаков и пристапот на лекување и дијагностика.

Новинар Соња Рилковска