Виртуелна “прошетка” низ најзначајните културно – историски споменици и обележја на етничките заедници во Охрид
Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” и доц. Д-р Никола Митровиќ, раководител на подрачната единица на историскиот архив на Република Северна Македонија – Охрид, организираа двочасовна виртуелна “прошетка” низ најзначајните културно – историски споменици и обележја на етничките заедници кои егзистираат на територијата на нашиот град.

Станува збор за објекти кои се од непроценливо значење не само за општината, туку и за целокупната македонска историја, култура и традиции.
Средношколците, студентите и младите кои учествуваа на овој настан, on-line, преку платформата zоom имаа несекојдневна можност на хибриден начин да посведочат за вековното постоење на градот и на црквите “Свети Јован Богослов – Канео”, “Света Богородица Перивлепта” “Света Софија”, “Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник”, Горна Порта, Самоилова тврдина, куќата на Робевци, античкиот театар, стариот охридски чинар, Зејнел Абедин теќе, Али – пашината џамија, крст џамија и храмот на египетската божица Изида.
Тие дискутираа дека човекот учи додека е жив, а едукацијата е најмоќното оружје кое го имаат сите мултиетнички средини и општества во кои што иднината може да се конструира единствено преку градење мостови на толеранција, разбирање, мултикултурализам, почитување на различностите и пружање еднакви шанси за секој човек.
Оваа активност се спроведе во рамките на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, финансиран од Civika Mobilitas и Швајцарската агенција за развој, во чии рамки, до самиот крај на месец мај ќе се одржат и толерантно кафе и мултикултурна визита.