Skip to main content

Висок процент на вакцинација на децата во охридско струшкиот регион

Во струшко дури 98,9 % од децата се имунизирани за полио и дитепер, во Охрид 82%. Во тек е вонредна вакцинација за пропуштените дози, лекарите апелираат родителите да ги вакцинираат децата. 
 |  инфодеск  | 

Во струшко висок процент на вакцинација, дури 98,8% од децата се вакцинирани со  дитипер и полио. Висок процент на вакцинација има и во Охрид, околу 82% од децата се имунизирани. 

Малку понизок процент од 80 % има за првата ревакцина, која децата ја примаат на возраст од 1,5 година, причината е во тоа што во истиот  период се прима и вакцината за морбили, за која во псоледните години се крена  непотребна фама дека таа вакцина влијае врз психофизичкиот развој кај децата. Лекарите велат науката  докажала дека нема потреба од двоумење за редовните задолжителни вакцини кај децата. 

Тешките погубителни болести од минатото денес се искоренети токму поради имунизацијата, велат лекарите. 

„ Вакцинацијата кај нас се одвиа уредно, луѓето доаѓаат добро ги прифаќаат вакцините и досега апсолутно немаме никаков проблем. Во оваа ситуација кога е прогласена епидемија на во главниот град, ние кај нас имаме само два случаи на пертусис, меѓутоа тоа се деца коис е вакцинирани и го поминаа во многу блага форма. Од тие причини сакам да апелирам до родителите да не експериментираат да ги носат децата редовно на имунизација од причини тоа што имунизацијата е таа што ги спречила болестите од минатото кои однеле многу животи. Да не се вратиме во онаа ситуација пред многу години”, вели д-р Божана Велкоска.  

Ризикот за заболување кај невакцинираните деца е голем, често пати тие имаат и тешка клиничка слика. Лекарите, велат во тек е вонредна вакцинација,  ги повикуваат родителите  да ги имунизираат своиуте деца со дозите од вакцини кои им се пропуштени. 

„Има деца коишто не може да примат тоа ги викаме состојби кои се во моментот , кои што имаат минлива контраидникација, меѓутоа има и деца кои имаат трајни контраидикации, меѓутоа за нив одлучува засебна комисија, а не ние. Комисијата по индикација ќе каже дали некое дете смее или не смее, меѓутоа тие деца се многу ретки. Ние прво пред да го вакцинираме детето правиме комплетен преглед и доколку постои и најмало сомнение за акутна инфекција ги одложуваме на неколку дена и доколку е се во ред ќе си прими вакцина без преоблем”, додава Велкоска. 

Со избегнување  на вакцинацијата се појавуваат епидемии се враќаат искоренети болести од минатото и се влошува здравствената слика во земјата. 

Новинар Соња Рилковска