Skip to main content

Високиот крвен притисок се почесто атакува врз младите

Зголемениот крвен притисок или хипертензијата  е најчестата причина за болестите на срцето и крвните садови.

 |  Валентина Неловска  | 
hipertenzija
hipertenzija

Зголемениот крвен притисок или хипертензијата  е најчестата причина за болестите на срцето и крвните садови. Хипертензијата е одговорна за појавата на бројни    кардиоваскуларни заболувања. Се нарекува и тивок убиец затоа  што на почетокот нема субјективни потешкотии се додека не се развијат здравствени компликации.  Најчесто на удар од хипертензијата се луѓето во средна и поодмината возраст, но исклучок не е ни младата популација, вели д-р Атанаско Михаилов, директор на охридскиот Центар за јавно здравје.

„ Не ретко зголемениот крвен притисок се појавува кај помладата популација. Тие се изложени на поголем број ризик фактори меѓу кои  најчести се стресот, лошата исхрана, дебелината, дијабетесот“.
hipettenzija
Неконтролираниот зголемен крвен притисок  е еден од најголемите ризик фактори за разни заболувања кои завршуваат  со смртност. Македонците влегуваат во категоријата на населени места кои се изложени на овие заболувања. Навременото откривање и превенирање на хиперетнзијата може да ги запрат  штетните последици по луѓето, нагачсува д-р Михаилов.

“Тие што ја имаат хипертензијата мора редовно да ја контролираат и да ја земаат препишаната терапија од лекар“.

Најчесто симптоми на зголемиот крвен притисок се изразени силни главоболки, зацрвенето лице и очи, забрзана работа  на срцето, треперење на мускулите.
Лекарите препорачуваат секогаш по изразена главоболка  проверка на крвниот притисок и видот.

{loadposition content9}