Високите температури ја затоплија езерската вода
За прв пат оваа летна сезона Охридското Езеро бележи високи површински темпрератури на водата. Експертите тврдат дека таквите промени нема негативно да се одразат врз водениот еко системот, поради длабочината на езерото.
Високите температури ја затоплија езерската вода. Топлата вода добредојдена е за капачите, кои се релаксираат на охридските плажи. Дисплејот, односно мини хидролошката станица на која се отчитуваат податоци за нивото на езерото, температурата на водата во езерото и температурата на воздухот, деновиве бележи висока темепература на езерската вода. Дали тоа ќе има одредено влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, ТВМ го слушна мислењето на експертите од Хидробиолошки завод Охрид.
„Охридското езеро и останатите природни езера се длабоки водени еко системи каде што температурата на водата таквите нагли скокови на температурата, таквите промени немаат големо влијание врз растителниот и животинскиот свет. Имено самата количина на вода условува да имаме одржување на константна температура на водата така да загревањето на површинскиот слој не предизвикува големи промени или некаква опасност врз растителниот и животинскиот свет“ – вели Талевски.
Во случај на многу високи температури, кои би се одразиле негативно на животните, тие се повлекуваат во слоевите каде што им одговара температурата, нагласува Талевски. На прашањето, што се случува со растителниот свет, дали тој може да се повлече или да даде поинаква реакција, конкретно за алгата Талевски со одговор.
„Мислам дека периодот за цветање на алгата помина, тоа е во зависност од годината тоа се случува мај, јуни и мислам дека нема да има масовно цветање на алгата или на кладофората нема да има бидејќи е касен период и таа зависи од дено – ноќните периодики на светлината и мислам дека нема да има таква појава и неубава слика на крајбрежјето на Охрид“ – нагласува Талески.
Експертите тврдат дека глобално на целот езеро нема големи промени на температурата, освен на површинскиот слој кој се загревал до 26, 27, што пак како температура е поволна за туризмот.
{loadposition content9}