Skip to main content

Високо признание за претседателот на ИПА Охрид од OIDE за промовирање на принципите на Обединетите нации

Во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.
 |  инфодеск  | 

Изминатиов викенд  (26-28 јануари), во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.

На собранието, учествуваа претседателот Игно Стојков и членови на Управниот одбор на ИПА Македонија, делегатите од сите ИПА региони во Македонија како и претседатели и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија. Со нив, средба и разговори за нови иницијативи и форми за меѓусебна соработка, оствари м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид кој, приликата ја искористи за нова афирмација на Охрид, ИПА Охрид и Македонија.

На средбата, на претседателот Стефан Димоски, му беа доделени плакети за „одлична соработка и достигнувања на целите и интересите, принципите и репутацијата на Обединетите Нации (ОН) и на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија,” кои, му беа врачени од Аднан Имери, претседател на Меѓународната организација за економски развој OIDE, при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) и Игно Стојков, претседател на Управниот одбор на ИПА Македонија.