Skip to main content

Плоштад долна порта

Вкусете го Охрид

Првиот настан на конвивиум „Слоу фуд Охрид“, „Вкусете го Охрид“ ќе се одржи во сабота од 19 часот на плоштадот „Долна порта“.
 |  инфодеск  | 
Слоу фуд настан

„Вкусете го Охрид“ е прв настан на конвивиумот „Слоу фуд Охрид“ кој ќе се одржи во сабота на плоштадот „Долна порта“ во Охрид.

Посетителите, како што информира организаторот, ќе имаат можност да се едуцираат, дегустираат и купат домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи, рачно изработени уникатни сувенири…

Заедно да ги откриеме локалните вкусови од охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична храна, како и младите производители на иновативни производи кои ги произведуваат на одржлив начин – соопшти „Слоу фуд Охрид“.