Skip to main content

Владо Цветкоски ја претстави изборната програма

Кандидатите за членови на оштинскиот совет од листата на носителот Владо Цветкоски, денес ја презентираа нивната изборна програма.

 |  Валентина Нелоски  | 
Vlado Cvetkoski
Владо Цветковски
Кандидатите за членови на оштинскиот совет од листата на носителот Владо Цветкоски, денес ја презентираа нивната изборна програма.

Цветкоски при тоа потенцираше дека, за да се изработи квалитетна предизборна програма, потребно е да се лоцираат социо-политичките ситуации на територијата на општината, да се избере стратегијата и да се одреди една или повеќе целни групи.         

Vlado CvetkoskiОваа советничка група ќе биде насочена кон  подобрање на живеењето во Охрид во  дваесетина области,  разработени според карактеристиките на општината.
Една од приоритетните задачи ќе биде уредување  и употребата на градежното земјиште. Тие ќе се залагаат  и за брз економски развој на градот, изградба на резервоари за здрава вода за пиење,
проширување на зелениот појас и паркови, развој на спортот и туризмот во здрава животна средина.
Ова се само дел од нивната обемна програма.
Кандидатите за советничката група со реден број 13 го промовираа и нивниот слоган „Се за Охрид“.

 

 

 

{loadposition content9}