Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година во Охрид
Петар Нечоски и Камелеон бенд ќе ја загреваат атмосферата во Охрид, а Владо Јанески ќе ја честита Новата 2015 година. Ова на денешната прес конференција и официјално го обелодена раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
Предновогодишната забава во очи пречекот на 2015 година ќе започне од 22 и ќе трае до 31 декември. Петар Нечоски и охридскиот бенд Камелеон ќе ја загреваат атмосферата за новогодишната ноќ во Охрид, а Нова година на охриѓани и сите останати гости ќе им ја честита Владо Јанески. Раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов на денешната прес конференција информира за сите новогодишни активности.
„На градскиот плоштад ќе се одвива богата културно уметничка програма која што во работните денови ќе биде во терминот од 18 до 20 часот додека за викендите од 12 до 18 при што на неа ќе настапат ученици од сите основни и средни училишта, културно уметнички друштва, ансамбли, танцови групи, кореогравски центри како и охридски рок групи. Целта ни е да ги анимираме сите охриѓани како и гостите во овој период во пресрет на Новата година да излегуваат и да го посетуваат градскиот плоштад кој сведоци сме дека е прекрасно украсен и да ја збогатиме туристичката понуда која што Охрид ја има за сите“ – појаснува раководителот на ТЛЕР.
Апостолов ветува добра забава за новогодишната ноќ и убеден е дека со нивната празнична програма ќе го привлечат вниманието и на гостите и охриѓани. Тој верува дека доколку и годинава се постави лизгалиштето тоа ќе биде содржина плус, во очи на празниците кои наближуваат.
„Нашата желба е да ја продолжиме традицијата која што би рекол започна минатата година која што најдовме заеднички јазик со операторот кој што минатата година го сервисираше лизгалиштето верувам дека и оваа година повторно ќе потенцирам дека тоа не зависи од нас, ние искрено се надеваме дека Охрид ќе има лизгалиште односно 30дена ќе имаат простор каде да се забавуваат и рекреираат“ – вели Апостолов.
Како што инфоромираат од ТЛЕР, годинава нудат 4 дена плус багата културна уметничка програма за сечиј вкус и за стари и млади. Исто така сметаат дека гостите кои ќе го посетат Охрид за Новогодишните празници ќе поминат незаборавни мигови. Проценките на ТЛЕР говорат дека годинава Охрид е најдобро украсен град а тоа би било мамка плус сите охриѓани и гости да излезат на градскиот плоштад и да уживаат во прекрасниот новогодишен амбиент.
{loadposition content9}