Власите насекаде во светот денес слават
Влашката заедница, кај нас е присутна со векови, и е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ, но и на другите етнички заедици кои живеат на овие простори. Власите во Македонија, секогаш, со своите соседи го делеле доброто и злото, убавото и лошото, а со своето активно ангажирање дале голем придонес во се она што денес го уживаме. Денес власите го одбележуваат 23 мај, Националниот ден на власите.
Власите насекаде во светот, денес слават. 23-ти мај е Национален ден на Власите, кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со документ во кој им дава право да го користат својот мајчин јазик, да организираат школи на влашки јазик да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик, како што изјави Драги Коровешкски претседател на здружението „Луниња“.
„Многу често се поставува прашањето на што се должи во тој момент признавањето на власите. Најверојатно се работи за една реакција после илинденското востание кои имал најголем успех во Крушево. Како реакција на тоа султанот во 1905 год ги проширува особено на власите со овој документ“ – вели Коровешоски.
Во денешно време власите ги има насекаде на Балканот и се лојани граѓани во државата во која живеат, нагласува Коровешски. Тој вели сеуште власите во Грција, Албанија, Бугарија и Романија се борат за своето право да бидат признати како народ, што за разлика од кај нас, власите во преамбулата на Уставот на РМ се признати како посебен народ.
„Сепак не можеме да бидеме задоволни од она што е направено, бидејќи може далеку повеќе да се направи особено што влашката популација е поделена не може да се концентрира за да се организираат поголеми манифестации. Останува прашањето околу зачувувањето на јазикот и културата што е сепак една поголема рамка која може државата да ја оствари, не можеме сите поединечно, само сите заедно со помош на државата можеме да ги ги оствариме тие интереси“ – изјави Коровешоски.
Според последниот попис, во Охрид живеат 400 Власи. Пописот е непрецизен бидејќи ние лично познаваме многу повеќе власи, вели Коровешоски. Според него порано политиката била власите да се пишуваат македонци за да доминира македонското население. Особено таквата политика важела за општина Струга. Коровешоски стравува дека во рамките на светската глобализацијат постои можност, влашкиот јазик да биде еден од првите кои би можел да изумре. Инаку вечерва власите од Охрид одржуваат свечена академија.
{loadposition content9}