Skip to main content

Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та

Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека ревизијата на финансиските извештаи покажала големи недоследности како и неприфаќање на препораките на ревизорот од претходниот извештај. Според опозицијата пак, на денешната седница се разгледувале лични ставови на градоначалникот, а не ревизорски извештај од државна институција.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica
седница

Власта и опозицијата ги кршеа копјата околу извештајот на Државниот ревизор за работењето на локалната во 2012та година. На денешната седница на советот на општина Охрид, прва на дневниот ред беше токму точката извештај на градоначалникот за извршената ревизија на Државниот завод за ревизија.  Градоначалникот Бакрачески рече дека граѓаните на Охрид имаат право да бидат запознаени со вистината за финансиското работење на локалната во претходниот период.

sovetnici„Во овој извештај ги елаборирав основните елементи и заклучоци кои Државниот завод за ревизија ги спроведува. Сакам да кажам дека неусогласеност со законската регулатива имавме скоро во сите делови од финансиските извештаи и од усогласеноста со законската регулатива. Беше правена ревизија и во делот на приходните ставки и во делот на расходите, посебно во делот на она што долги години наназад ја еродираше општина Охрид, а тоа се плаќањата  по цесии, асигнации икомпензации кои знаете дека се спротивни на законот затоа што општина Охрид, подолго време наназад има блокирани сметки.“-рече Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Советниците од опозицијата пак сметаат дека на денешната седница не се дискутирало за ревизорскиот извештај туку за личните ставови на градоначалникот.

revizorski izvestaj„Непотребно се поведе една дискусија од политичка конотација. Ние денес не разгледувавме ревизорски извештај, не беше точка на дневен ред извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на локалната самоуправа во 2012 година, точка на дневен ред е информација на градоначалникот за извештајот на ревизорската куќа. Ние денеска дискутираме по информацијата која нас ни ја даде градоначалникот и покрај законските одредби од законот за државна ревизија, член 23 чинам беше, дека претходниот извештај е потребно да се достави до надлежните органи, а меѓу другото, и советот на општина Охрид. Ние претходниот извештај не го добивме.“-вели Томислав Тунтев од Коалицијата „Сојуз за иднината“.

Инаку што се однесува до содржината на самиот ревизорски извештај, градоначалникот Бакрачески потенцираше дека Државниот завод за ревизија дал негативно мислење по однос на усогласеноста со законската регулатива, додека по однос на финансиските извештаи ревизорот не изразил мислење.

{loadposition content9}