Skip to main content

Вложените пари во субвенциите за странски гости се исплатија

За летната сезона 2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости.

 |  Валентина Неловска  | 
tvrdina
tvrdina

За летна сезона  2013 Владата најавува зголемување на износот на име субвенции со кој ќе се привлекуваат странските гости. За субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции ќе обезбедат  60 милиони денари, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. Лани по основ девизен прилив од туризмот  биле остварени 122,3 милиони денари.  Покрај досегашната финансиска поддршка за тур операторите од Холандија и Белгија, субвенциите сега се прошируваат и за уште девет нови држави. Годинава субвенции ќе се исплаќаат и за тур-операторите од Скандинавските земји, Русија, Украина, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати. Субвенции ќе се воведат од идната година и за туристите од Кина и Индија, а во 2015 и за Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија.

гостиУсловите  да се добијат субвенциите остануваат исти,  реализизација на најмалку три ноќевања и појадок во некои од угостителските објекти.
Како ефект од субвенциите на тур операторите и туристичките агенции, лани земјава  ја посетиле 663.633 туристи. Од нив  половина гости биле странски. Од овој број на посетители околу 20.000 биле повеќе споредено со 2011 и 80.000 повеќе од 2010 година. Зголемувањето се должи и на субвенционирањето на организираниот странски промет и поддршката за нискобуџетните летови. Пораст е забележан  особено кај странските туристи околу 100.000 во однос на 2010 и за 30.000 во споредба со 2011 година, истакна министерот.

Министерот Сарачини најави дека зголемување ќе има и за субвенциите за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај за домашните и странските превозници. За оваа намена годинава се проектирани 86 милиони денари, а за 2014 се планирани  135 милиони. Со овој вид субвенции  лани се отворени  преку Визер шест нови линии, а годинава со дополнителни две, посочи министерот за економија.
холанѓани
И од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот информираат дека интересот за користење на оваа мерка кај туроператорите е огромен. Барањата за 2012 година се зголемени за 45% во однос на лани. Досега се префрлени  субвенции од над 30% односно 1/3 од вкупниот предвиден износ за субвенции.
Во Агенцијата се обработени околу 300 барања за субвенции од вкупно 340. Досега биле исплатени над 30% од субвенциите, а до крајот на следната недела планираат да ги исплатат и преостанатите 70%. До крајот на месец април, за 2012 година, ќе се завршат сите исплаќања по основ на субвенции за странски туристи, велат од владината Агенција за поддршка и развој на туризмот.

{loadposition content9}