Skip to main content

Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно и нехумано е да се користат верски празници или невреме за критикувње

Критиката од СДСМ за чистотата и уреденоста на градските гробишта за ВМРО ДПМНЕ е неоснована.
 |  инфодеск  | 
Вмро дпмне Охрид

Додека вашиот портпарол се сонча и место него друг ви држи прес, екипи на ЈП „Градски гробишта“ веќе два дена работат на уредување на гробиштата од невремето. Безобразно и нехумано е да се користат верски празници или невреме за да ја критикувате неосновано хигиената и чистотата на градските гробишта, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид на критиките од ОО на СДСМ упатени на адреса на ЈП Градски гробишта.

Непобитен факт е дека јавното претпријатие е со целосно намалени дневници и службени патувања и репрезентација.СДСМ Охрид е најкриминална партија затоа што го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари. Зборувате за човечко достоинство, а по налог на вашиот џелат во образование извршивте ексхумација, без нималку срам и почит откопавте гроб. Продававте над 250 гробни места, наплатени, но никогаш не се изработени за кои граѓаните плаќаа 80 000 до 100 000 денари.Критикувате без аргументи, а заборавате дека не дозволувавте закоп на покојници сè додека не се плати целосно гробното место.” -се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ Охрид.