Skip to main content

Охриѓани предлагаа, членови на ВМРО ДПМНЕ запишуваа

Ден на идеи во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
den na idei VMRO DPMNE
ден на идеи ВМРО ДПМНЕ

Охриѓани на плоштадот кај Чинарот денеска имаа можност своите идеи за развој на Охрид да ги соопштат и запишат како дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ. Предлозите ги имаше во сите области, но најмногу се однесуваа на инфраструктурата, паркинзите, канализационата мрежа на Јане Сандански и урбанизацијата во централното градски подрачје.

„Треба да има и градски парк. Децата не гледам каде можат да се носат освен покрај езеро и не сматам дека den na idei VMRO DPMNEпокрај езеро оној парк е парк  туку, треба вистински парк каде ќе можат родителите да си ги однесат своите мали деца. Изнанадена сум и што сеуште градот нама централно греење и ако е околу 8 месеци доста студено мора се користи некаква топлинска енергија“, вели граѓанин на Охрид.

Од Ок на ВМРО ДПМНЕ, велат дека со задоволство ќе ги разгледаат сите предлози на граѓаните и сите оние за кои ќе можа да се обезбедат средства од буџетот на општината ќе бидат ставени во програмата на ВМРО ДПМНЕ. Тие додаваат дека и покрај тоа што партиските комисии веќе ја изготвиле својата нацрт програма за локалните избори ,сепак потебите на граѓаните кои денеска ќе ги достават ќе си добијат свое место во програмата на ВМРО ДПМНЕ.  

„Пораката при тоа ќе биде една единствена. Доста е од поигрувањето со Охрид, доста е од 8 годишното уништување на сегашноста и иднината на Охрид и доста е од промовирањето на лажни вредности на Охрид. Граѓаните на Охрид и покрај овие идеи ја сваќаат неопхоноста за промена во Охрид која треба да настапи и ние ќе ги искористиме сите капацитети и човечки ресурси и сите потенцијали кои ги има Охрид за да можеме den na idei VMRO DPMNEда ја донесеме промената во Охрид, да го вратиме дигнитетот во градов, секој во Охрид да си го најде своето место и на Охрид да му се обезбеди една квалитетна иднина во наредниот период кој што претстои“, вели потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Денеска се одржа „Денот на идеи“. На прашањето дали од во партијата размислуваат да проведат и акција „Ден на поплаки“, каде граѓаниете ќе можат да кажат се што им смета, Паноски со став:

„Во Охрид денеска е ден на идеи, а сите останати 364 дена се денови на поплаки и жалби заради неостварените ветувања во Охрид“, вели Паноски.

Од ОК задоволни од одзивот на граѓание и идеите кои ги споделија и за кои побараа помош за резлизација. „Посебно сме  горди што граѓаните со своите идеи учествуваат во креирањето на политиките кои ќе бидат важни за Охрид и кои ќе влезат во програмата на ВМРО ДПМНЕ“, вели Паноски.
Денеска е генерална акција на ВМРО ДПМНЕ на ниво на Македнија, со која секој граѓанин отворено можеше преку општинските комитети да ги достави своите идеи.
{loadpositin content9}