ВМРО-ДПМНЕ-Охрид: „Кај нас сеуште не е стигнат извештајот на УНЕСКО“
Во врска со обвинувањата на Општинската организација на СДСМ Охрид за градбите на Плаошник во делот за извештајот од УНЕСКО, Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ со одговор дека воопшто не е стигнат извештај или некаков официјален документ од УНЕСКО .
„Кога се работи за просторот на Плаошник можеме да кажеме дека воопшто не е стигнат кај нас таков извештај, така да се додека не погледнеме официјални документи, не можеме за ништо да зборуваме. Кога веќе знаат да прават пресови на отворен простор тогаш би им препорачале да поминат низ градот Охрид и да видат што направија тие во изминатите осум години на просторите во градот Охрид. Доколку во последнава година можат да забележат дека градот Охрид и сите оние запуштени места се уредуваат сосема како модерните градови во Европа. Впрочем за тоа е и новиот плоштад, за тоа е и уредувањето на одредени мини-простори. Така да сметаме дека ваквите тврдења се само одреден обид за ситни партиски поени за престојните избори.“-вели портпаролот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
{loadposition content9}