Skip to main content

ВМРО – ДПМНЕ: Политички реваншизам во образовните институции

Социјалдемократскиот сојуз врши политички реваншизам во образовните институции, обвинија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. СДС наместо живот за сите донесе беда за сите. Се бркаат луѓе од работа само затоа што се политички неистомисленици, кажа портпаролот Перчо Божиновски.

 |  Николоска Биљана  | 

Социјалдемократскиот сојуз без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија.

„Ова ли е еднаквоста и солидарноста? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа? Ова е класичен политички реваншизам. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и шарачи на институции од СДС, а сега незаконски поставени директори, е да ги шиканираат, малтретираат и заплашуваат оние што не мислат како СДС. “ – вели Перчо Божиноски, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ.

За ВМРО ДПМНЕ отстранување од воспитно-образовниот процес на просветните работници иако за сите нив УО-и се изјаснале со позитивно мислење е неоправдано, по принципот на субјективно партиско размислување и пресметка со политичките опоненти и неистомисленици.
Изјава : Перчо Божиновски портпарол ОК ВМРО ДПМНЕ

„Предизборните ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија нема да има никаков реваншизам, беа чист популизам. “ вели Божиноски.

Од ВМРО-ДПМНЕ јавно ги повикаа Државниот просветен инспекторат и Синдикатот на просветни работници да ги заштитат наставниците додека пак Директорите веднаш да ги отповикаат овие , како што рекоа, несфатливи и крајно реваншистички одлуки за кои ќе сносат одговорност. Додаваат дека на секој легален начин ќе се спротивстави на ваквите појави.