ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го претвори Мауцкер во депонија
Градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон уредување на секој дел од градот Охрид, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на ОО на СДСМ Охрид.
Градоначалникот Бакрачески со Локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ во целост се посветени кон уредување на секој дел од градот Охрид, впрочем тоа се покажа и докажа за нецела година со новиот плоштад во центарот на градот како и со мини плоштадот во Горна Влашка маaла. Ваквите активности ќе продолжат низ секој дел од градот Охрид, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешниот прес на СДСМ.
Во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ со контраобвинување до OO на СДСМ дека МАУЦКЕР го претвориле во огромна депонија. „За да се уверат во начинот на работа на ВМРО ДПМНЕ слободно можат да согледаат како ВМРО ДПМНЕ целосно се грижи за вештачки направените депонии низ градот Охрид од страна на СДСМ и како ВМРО ДПМНЕ овие депонии има за цел да ги претвори во индустриски зони, во пристојни катчиња за најмладите, во паркови и слично“- стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ.