ВМРО ДПМНЕ: СДСМ укинува паралелки, па глуми загриженост за реконструкцијата на Гимназијата
Лицемерни душегрижници од СДСМ, немате никакво право да зборувате за културно-историските споменици кои ги доведовте до уништување и распаѓање, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на соопштението од ОО на СДСМ Охрид за оградата на гимназијата.
На СДСМ им пречи тоа што со Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков се инвестира во образованието и се создаваат добри услови за работа за учениците и наставниците, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ Охрид. Оттаму упатија критика до СДСМ дека од една страна укинувале паралелка во Гимназијата, а од друга страна глумеле лажна загриженост за градежните зафати во училиштето.
„Откако со вашето катастрофално раководење ја разнебитивте Гимназијата сега се дрзнавте неосновано да критикувате за столбовите и оградата. Целосната реконструкција на Гимназијата е доказ за вашето неработење и дека ништо не сте сработиле за 4 години додека бевте локална власт и речиси 8 години што сте централна власт. Кажете барем една работа што сте ја направиле за Гимназијата? Вие, кои додека бевте на власт, училниците ви прокиснуваа и ви се урна дел од таванот. Вие, кои излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот во Гимназијата. Фотографиите го покажуваат срамот кој го оставивте за Гимназијата, затоа сега таа го добива најдоброто што го заслужува. Охриѓани гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието, за разлика од времето на СДСМ кога тие годни беа години на уништување и срам за образованието.„– стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.