21 декември
ВМРО ДПМНЕ со честитка за Денот на наставата на турски јазик
Честитка по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик упатија од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија им го честита 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.
Мајчиниот јазик и националната мисла се најважни обележја и нераскинливи делови од идентитетот на секој народ. ВМРО-ДПМНЕ Охрид како носители на Локалната власт во градот преку почит и вреднување на разликите даваме значаен придонес за турската заедница како нераскинлив дел од Охрид. Нека Ви е честит 21 декември – Денот на наставата на турски јазик – се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ Охрид.


