©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


ВМРО- ДПМНЕ вџашена и загрижена од најновите изјави на градоначалникот

Не било точно дека анкетите покажале предност на Петрески во однос на против- кандидатот Кирил Трендафилов- Нанче.

 |  Тања Кувенџиска  | 
zname
знаме
Од ВМРО- ДПМНЕ се пријатно изненадени од, како што тие велат,  спектакуларната најава на градоначалникот Петрески дека ќе се градат спомен-обележја во централното градско подрачје. Тоа ни влева надеж дека СДСМ конечно ќе ја прифати програмата на нашата партија, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

„Додека неговата матична партија фрла со камења по Владата за изградбата на споменици, Петрески најави изградба на 5 спомен- обележја. Тоа за нас е добро, но истовремено претставува лицемерие и маркетинг кое води кон лажен патриотизам“, рече раководителот на прес- центарот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Спасе Панџак.

pres konferencijaКрајно време е градоначалникот Петрески да престане да се фали со лажна успешност која не е во склад со реалноста, рече Панџак и праша: „ Петрески нека каже кои капитални проекти се реализирани во изминатите 4 години, а за кои се потрошени 30 милиони евра“ .

Од ВМРО- ДПМНЕ се категорични дека не се точни информациите кои во јавноста ги пласира Петрески дека анкетите покажале негова предност во однос на против- кандидатот за градоначалник од редовите на оваа партија, Кирил Трендафилов- Нанче.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top