ДПМНЕ: ВМРО-НП промовира и поттикнува беззаконие
ВМРО ДПМНЕ е решено да ја почитува законската регулатива, да ги почитува законските норми кои се столб на државата и од тоа нема отстапување, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на ВМРО НП.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на ВМРО НП во која стои: „Безидејноста на десното крило на СДСМ т.н. Народна партија продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста. Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ ДЕЈСТВИЈА.Тоа е основен принцип на правото во секоја земја и основа на европската демократија . Европа сега не се достигнува со политики на стимулирање на беззаконие. Народна падна на европскиот испит само еден ден после објавувањео на нивниот слоган.“
Од ВМРО ДПМНЕ потенцираат дека се решени да ја почитуваат законската регулатива, да ги почитуваат законските норми кои се столб на државата и од тоа нема отстапување.
„Оние што пропагираат безакони како Народна и СДСМ паѓаат на тој испит неколку години по ред, ќе паднат и на априлскиот изборен испит. И тоа токму заради нивната промоција и поддршка на беззаконието со кое веќе му нанесоа огромни штети на Охрид како град со кој до пред неколку месеци катастрофално владееа“ -се вели во реакцијата од ДПМНЕ.