Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ започна со прибирање на идеи од охриѓани за престојните парламентарни избори

Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги повика сите граѓани безразлика на политичката или било каква припадност да го дадат својот придонес и да ги изложат своите идеи кои ќе бидат разгледувани од стручните комисии во ВМРО ДПМНЕ. Доколку се остварливи истите би станале дел од изборната програма на партијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
idei programa

Од денес па во наредните пет дена охриѓани ќе имаат можност да ги предлагаат своите идеи за подобар Охрид и подобра Македонија, кои идеи треба да бидат инкорпорирани во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за престојните парламентарни избори. На штанд поставен на градскиот плоштад мобилна екипа од млади членови на партијата деновиве ќе ги евидентираат идеите кои охриѓани ќе ги предлагаат. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека токму граѓаните се факторот од кој тие ја црпат енергијата за работа. Според Бакрачески, граѓаните знаат што за нив е најнеопходно и приоритетно и што сакаат да видат како се реализира. Ваквиот начин на градење на изборната програма, според градоначалникот се покажала како успешна во претходните изборни циклуси.

dpmne idei“Во изготвување на нашата програма, за локалните избори во охрид, енергијата односно идеите ги црпевме токму од граѓаните на Охрид, во директна комуникација со нив, и се разбира како и за Охрид, така и за цела Македонија за сите оние идеи кои што се целисходни, за идеи кои што имаат оправдување, идеи кои што се одржливи или кои што се изводливи и кои што може да бидат реализирани секако посебни комисии од страна на ВМРО ДПМНЕ заседаваат, ги разгледуваат и таму каде што сметаме дека треба да бидат прифатени сите тие се инкорпорираат во програмата на ВМРО ДПМНЕ која што ќе им ја понуди на граѓаните на Охрид почнувајќи од 2016та до 2020та година.”-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. 

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека тие во своите програми точно ги дефинираат проектите, со зададени рокови за реализација што според него било препознаено од граѓаните во минатите изборни циклуси.

den na idei dpmne“Ние сме една сериозна политичка структура која држи до ветеното, која држи до ветениот збор на граѓаните на Охрид како еден повратен фидбек за она што тие го очекуваат од нас и секако дека принципот на отчетност никогаш не сме го одминале туку тоа е една од основните причини за нашето функционирање за кое што и граѓаните ни ја даваат довербата. Секако дека ние не живееме од лажни ветувања, или од креирање на лажни надежи на граѓаните, или нудење на чуда или неостварливи проекти, туку го нудиме она што навистина можеме да го инкорпорираме во програмата и она што навистина може да биде реализирано во стварност, се со цел да го унапреди и подобри живеењето во Република Македонија.”-рече Бакрачески. 

Бакрачески ги повика охриѓани масовно да одговорат на акцијата за прибирање на идеи безразлика дали имаат политичка или идеолошка ориентација, да го посетат штандот на градскиот плоштад и да ги изнесат нивните идеи за тоа како да се унапреди живеењето во Охрид и Македонија.