Skip to main content

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Според Народна, Владата врши и нова национализација, откупувајќи ги имотите на граѓаните по ниски цени за изградба на овој автопат.

 |  Мишел Наумоски  | 
narodna
народна

ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството.

Kostoski za avtopatПретседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за изградба на автопатот. За Народна спорна е и експропријацијата на приватните имоти низ кои ќе минува автопатот.

„Загрижени сме од начинот на кој Владата на Република Македонија носејќи го новиот закон врши нова национализација после 1945та година на земјиштето. Зошто? Затоа што за експропријацијата на ова земјиште се плаќа само 30 до 40 денари по метар квадратен. Замислете каде може да се најде некој да купи земјиште за 40 денари метар квадратен. На врв на планина не се продава по толку пари, а земјиште низ Дебрца, Мешеишта, таа општина, и овде од Охрид до Подмоље каде од 7 до 15 евра за метар квадратен е нормална цена на чинење.“-рече претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски.

{loadposition content9}