Skip to main content

ВМРО-НП предлага проект за заштеда на средства

ЈП „Охридски Комуналец“ и Локалната самоуправа на Охрид, можат да заштедат над 100 000 евра на годишно ниво доколку го прифатат нашиот пилот проект за селектирање на отпад, велат од  ВМРО НП.

 |  Николоска Биљана  | 
otpad
отпад

Намалување на трошоците за одведување на отпад, предлагаат од ВМРО – НП. narodnjaciДенес на прес конференција оваа политичка партија предложи пилот проект за селектирање на отпад во домаќинствата. Како што кажа претседателот на охридскиот огранок на партијата,  Ванчо Костоски, целта е да се намалат расходите на ЈП „Охридски Комуналец“ кое дневно прави огромни трошоци по основ километража на камионите кои секојдневно депонираат отпад на депонијата Буково.

„Значи еден камион да појде до Буково и назад е пеесетина километри а денот имаме десетина до дванаесет такви камиони  кои што одат така што километражата е некаде е 500-600 км за возилата што одат до таму. Негде на годишно ниво во општина Охрид имаме околи 22 до 23 илјади тони на отпад се ствара што е една завидна количина на отпад така да не се мали средствата кои што се потребни да се реализира оваа работа“.

narodnjaciКостоски предлага пилот проектот за селектирање на отпад од домаќинствата да се спроведе најпрво на 500 домаќинства, односно да се доделат 1000 канти по 2 за секое домаќинство, една за отпад кој може да се рециклира а другата за останатиот, во периот од три месеци па потоа да се изврши анализа. Како пример за населба од која може да започне проектот Костоски ја посочи Месната заедница на ул „Железничка“ и појасни во што се состои заштедата.

„Прво имаме заштеда во километража, во нафтени деривати, во амортизација. Ако имаме 8 до 9 илјади тони, 40% се 8-9 милиони килограми. По една наша пресметка само од хартија ако се негде од 22% би дошле некаде околу 50 000 евра заштеда на ЈП на годишно ниво само од хартија собирање и продажба. Но тие не се чисти пари меѓутоа вкупната заштеда ќе биде над 100 000 евра на годишно ниво така со овие пари може да се купи нови возила бидејќи возниот парк на претпријатието е дотраен“.

Костоски убедува дека овој проект би можел да биде успешен бидејќи своја примена имал во Европа и Балканот и покажал добри резултати во однос на заштеда на средства. Набавката на 1000 канти претпријатието би го чинело околу 12 илјади евра, што доколку би дошло до реализација на проектот средатвата би се повратиле со два месеци спроведување. Костоски смета дека понатака би можело да се размислива за проширување на проектот низ цела општина бидејќи депонијата Буково си го отслужила своето, надминат бил капацитетот за депонирање на отпад и потребно било друго решение за депонија.

{loadposition content9}