Skip to main content

ВМРО НП бара да се изврши урбанизација на руралните средини

Според Народна, неразумно е да се ветува и очекува ревитализација на селските средини, а притоа да се плаќа по 1500 евра за приклучок во електрична мрежа.

 |  Мишел Наумоски  | 
narodna
народна

ВМРО Народна партија смета дека Владата напразно ветува ревитализација на селата кога за приклучување на електрична мрежа луѓето во овие средини плаќаат по 1500 евра. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека единствениот монопол во државата, ЕВН, покрај според нив нереалните цени за приклучок, воведуваат и ново правило во кое доколку некој граѓанин воопшто не потроши електрична енергија во одреден период, ќе му биде одземено броилото. Костоски вели дека вакво правило нема во ниту една друга држава во светот.

vmro np urbanizacijaДополнителен проблем според Костоски за оние кои живеат во населени места надвор од градските средини е и обемната документација која е потребна за добивање на приклучок, но и потребата од изработка на урбанистичка планска документација за руралните средини.

„Не може да не се дава приклучок на една куќа, некој што во овие тешки моменти ќе се осуди да направи во едно село, затоа што немало легализација, односно немало урбанизација. Што треба за граѓаните. Во населените места и селата знаете дека нема детални урбанистички планови, штом нема, не можете да градите куќа, односно треба сами да го урбанизирате местото, тоа најмалку чини од 1500 до 2500 евра за поединечна урбанизација. Ако Владата е подготвена, треба овие населени места и села да ги урбанизира, да донесе детални урбанистички планови и луѓето низ една нормална постапка да стигнат до дозвола.“-вели претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид.

{loadposition content9}