ВМРО-НП:„Екстерното оценување, тотално непотребен квази проект“
Екстерното оценување, административните обврски на наставниот кадар, големите казни за просветните работници и покривањето на патните трошоци за просветните работници од Охрид, тема на денешната прес конференција на Општинскиот Комитет на ВМРО-Народна.
Ванчо Костоски кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-Народна, на денешната прес конференција потенцираше дека денес во образованието просветните работници најголем дел од своето време го минуваат во извршување на наметнатите административни оврски. Костоски се осврна и на како што кажа, притисокот кој просветните инспектори го вршат врз директорите на средните и на основните училишта и професорите како и на енормно високите казни во образованието за неизвршување на тие административни обврски, казни кои се движат од 700-3000 евра, а за кои ВМРО НП ќе се залага да бидат сведени на минимум.
Костоски се осврна и на иницијатива на советничката група на ВМРО-Народна со која беше изгласан бесплатен превоз на сите просветни работници од својот дом до училиштата, одредба која за жал со доаѓањето на новата власт и Г-динот Бакрачески на чело на општината била укината па сега општината покрива само половина додека другата половина ја плаќаат просветните работници. А Проектот екстерно оценување, Костоски го нарече целосно непотребен.
„За да бидат актуелни го донесоа екстерното оценување кое не претставува ништо друго освен држење под контрола и на професорите и на родителите и на учениците и на родителите. Наместо учениците да се спремаат за нивните полуматурски и матурски прославувања, или да се посветат на завршување на нивното образование, сите ученици од најмалите до најголемите, во последните месеци мај и јуни се изложени на стресови со ова екстерно оценување. Затоа ние како ВМРО-Народна партија кажуваме дека после 27-ми април ќе го укинеме екстерното тестирање во областа на образованието. Тотално непотребен квази проект од страна на ДПМНЕ кој не придонесува ништо друго освен само за држење на контрола“, додаде Костоски.
{loadposition content9}