Skip to main content

Костоски: Го прават истото за што критикуваа

ВМРО НП  на денешната пресс конференција  обвини дека ВМРО ДПМНЕ сега ги прави истите работи за кои некогаш критикуваше. Претераната урбанизација и тонењето на локалната во долгови тема за нивните обвинувања.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kostoski
костоски

Од ВМРО НП потсетија дека пред само неколку години од ДПМНЕ со дрвја и камења фрлале по минатата локална власт поради претераната урбанизација, а сега оваа локална го прави истото. Потсетија и за долгот на општината од околу 30 мил евра кој секојдневно расте, но исто така потсетија дека тој долг не е направен само во времето кога градоначалник беше од редовите на СДСкостоски-цветкоскиМ, туку дека 4милиони евра од тој долг биле направени за спроведување на проектот за водоснабдување во времето кога градоначалник бил од редовите на ВМРО ДПМНЕ  како и за проектот за изградба на колекторот за што на ГП “ Гранит“ општината му должи околу 7 мил евра. Кандидатот за пратеник, Ванчо Костоски рече дека доколку тие се дел од Владата на РМ ќе издејствуваат грант за Охрид со кој би се покрил долгот како би можела општината нормално да функционира.

Наместо да пристапи ДПМНЕ кон враќање на овие долгови тие само критикуваат други. Градоначалникот на општината требаше да изготви програма за раздолжување бидејќи ако една општина повеќе од шест месеци е со блокирана жиро сметка законски е должна да направи ваква програма. Ние такво нешто воопшто не видовме од оваа локална самоуправа, рече Костоски.

{loadposition content9}