Skip to main content

Костоски: ВМРО-НП, очекува најмалку 10 пратенички места

Целата наша енергија ќе биде насочена кон парламентарните избори и очекуваме најмалку 10 пратенички места, изјави на денешната прес конференција Ванчо Костоски, носителот на листата на ВМРО – НП.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro-np
вмро-нп

Голема е разликата помеѓу нашата програма и онаа на ВМРО – ДПМНЕ, односно нивната реална програма, а не онаа од бајките која ја прикажуваат во скапо платените реклами со средства од буџетот на Р. Македонија, изјави носителот на листата на ВМРО – НП, Ванчо Костоски.

kostoskiТој обвинува дека политиката на Владата на ДПМНЕ, допринела земјава да биде во меѓународна изолација и да биде на последно место за влез во Евро интеграциите. Секојдневното задолжување на земјава кое се крие од граѓаните било посебен проблем, според Костоски, а зголемувањето на пензиите се должи на редовното усогласување на порастот на просечната плата со пензиите што пак претставувало законска норма која мора да се испочитува. Костоски нагласи дека доколку ВМРО – ДПМНЕ победи на престојните парламентарни избори, 2015 година ќе биде економски катастрофална, бидејќи треба да се врати долгот од 700 милиони евра направен изминативе 10 години, посебно за последниве 7-8 години.

„Почитувани охриѓани мора да се каже вистината, дека кога треба да се вратат 700 милиони евра идната година ако ВМРО – ДПМНЕ победи на овие избори наредните три години ќе нема избори. Така што вие нема да му требате на ВМРО – ДПМНЕ како бројка за гласање и бидете сигурни дека од мај натака ќе има изпуштање од администрацијата, а нема да има нови вработување, бидејќи јавната администрација е преполна со партиски кадри. Значи ова е вистината ако ВМРО – ДПМНЕ победи. Ние како политичка партија нема да дозволиме бркање од ниту еден член од било која политичка партија која што е вработен во јавна администрација“– вели Костоски.

{loadposition content9}