Skip to main content

ВМРО–НП се подготвува за предвремени избори

Обраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.

 |  Валентина Неловска  | 
vmro-np
ВМРО-НП
Ljupco GeorgievskiОбраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.
Tој предупреди, доколку и  натаму се игнорираат економските проблеми, сиромаштијата во Македонија ќе се продлабочи, што може да доведе до нова мултиетничка криза. Според Георгиевски, светската економска криза нема да заврши во 2010, ниту во 2011, туку евентуално во 2012 година. Тој смета дека тешката економска состојба е најголема закана по стабилноста на земјата. Исто така, новите конфликти и жаришта во светот ќе влијаат врз стабилноста на регионот, па од  суштинско значење за Македонија е што поскоро да го реши проблемот со името,  да влезе во НАТО и да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ, сугерира Георгиевски. Тој предложи низа решенија за излез од економската криза  на земјата. Ја нагласи потребата од итно формирање на Национален економски совет во кој ќе членуваат најдобрите експерти и од власта и од опозицијата, за да се подготват мерки за подобрување на крајно неповолната економска состојба во земјата. Упати и критика  до буџетот за  2010 година како нереален .„Собирањето  пари со високи камати од банките, за потоа  да се трошат како буџетски средства е крајно неиздржливо. Владата треба што поскоро да го намали сериозно буџетот за да немаме тотална социјална катастрофа во 2010 година“.
Предложи  Народна банка на Македонија под итно да ја напушти политиката чиј единствен репер е дали во времето на Гошев имало или немало девалвација. Доколку Владата покаже спремност да го намали буџетот ќе има легитимно право да побара и оставка на гувернерот на НБМ, истакна  Георгиевски. Тој бара подобрување и во односот  кон бизнисмените и флексибилност на  казнената политика, да се воведе амнестија на парите и итна интервенција во државното здравство и образование на кои им се заканува пропаст. Поранешниот премиер упати апел државните резерви да се претворат во злато со што според него ќе се заштитат македонските девизни резерви.
Претседателот на  ВМРО-НП, Марјан Додовски истакна  дека сите органи на партијата ќе се стават во функција на предвремени парламентарни избори.  
„Се подготвуваме за предвремени парламентарни избори, бидејќи сите случувања во земјава го наговсетуваат тоа. Тоа може да биде пред летнит е одмори  во јуни,но би можеле да се случат и најдоцна до октомври“ истакна Додовски.  
ВМРО НП во Охрид одржа редовна седница на Централниот комитет. Конституирани беа партиските тела и верифициран мандатот на 131 член на Централниот комитет.
{loadposition content}