Skip to main content

ВМРО НП: Се ветува ревитализација на селските средини, а за приклучок на струја се плаќа по 1500 евра

Од Народна велат дека ЕВН е последниот монопол во Република Македонија, а неговата монополска позиција секој ден се зголемува.

 |  Мишел Наумоски  | 
narodna
народна

Kostoski za EVNВМРО Народна партија со прес конференција околу како што велат тие: „Последниот монопол во Република Македонија, ЕВН“. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека залудно Владата ветува ревитализација на селските средини, ако за приклучок на струја луѓето плаќаат по 1500-1600 евра. Од Народна велат и дека плус на високата цена за приклучок, потребна е обемна документација и долг период на чекање за едно живеалиште биде приклучено на електричната мрежа. Костоски ги спомена и проблемите околу неможноста за приклучок на електрична енергија доколку живеалиштето е во неурбанизирана средина. Тие со предлог до Владата, таа да изврши урбанизација на сите средини со цел секое домаќинство да има можност да приклучи струја. Повеќе од прес конференцијата на ВМРО Народна, ќе може да проследите во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.

{loadposition content9}