Skip to main content

Државен завод за статистика

Во април во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење

Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.
 |  инфодеск  | 
одобренија за градба

Во месец април во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објави  Државниот завод за статистика. Три одобренија за градба се издадени на физички лица и исто толку на деловни субјекти. Според одобренијата планирана е изградба на 70 станови со вкупна корисна површина од 4.516 м².

Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на државава во април годинава издадени се 257 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 136 се наменети за објекти од високоградба, 56 за објекти од нискоградба и 65 за објекти за реконструкција. Од вкупно 257 објекти, на 121 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 710 станови, со вкупна корисна површина од 55.611 м².