Во август во Општина Охрид издадени 7 одобренија за градење со кои ќе се изградат 129 станови. Струга и Дебрца не издале одобренија , а во Општина Вевчани според издадените одобренија ќе се градат 4 станови.
Според податоците на Државниот завод за статистика во август 2023 година Во Охрид се издадени 7 одобренија за градење. Според издадените одобренија за градење, едно е издадено на физичко лице а останатите 6 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 129 станови, со вкупна корисна површина од 7 402 м2.
Од останатите општини од Југозападен регион , Вевчани издала 9 одобренија од кои 5 на физичко лице а кај 4 како инвеститор се јавува деловен субјект. Струга и Дебрца не издале одобренија за градба во август.
На ниво на државата, според податоците на Државниот завод за статистика во август 2023 година се издадени 344 одобренија за градење, што е за 9.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 45.6 % се наменети за објекти од високоградба, 35.2 % за објекти од нискоградба и 19.2 % за реконструкција.
Од вкупно 344 објекти, на 180 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66 791 м2.