Skip to main content

Во август упис на ФТУ

ФТУ Охрид и оваа академска година на уписите во август очекува да запише стотици студенти. Интересот за најстарата образовна институција за туризам и угостителство во земјава, константно е голем.
 |  инфодеск  | 

ФТУ Охрид оваа академска година нуди шест атрактивни програми. Туризам, гастрономија, хотелско ресторански менаџмент, царина и шпедиција, осигурување и менаџмент во услужен сектор. Оваа високообразовна институција привлекува голем број студенти, а една од причините е добро екипираниот етаблиран професорски кадар, но и тоа што стекнатите дипломи се меѓународно признаени и не е потребна нострификација во голем број западни земји.

-Нашите студиски програми константно привлекуваат голем број студенти секоја година. Ние запишуваме повеќе од 200 студенти годишно, а интересот не се намалува туку се зголемува. Најастрактивнит порграми се туризам и гасторномија, а во последниот период имаме тренд на зголемување на интересот и за царина и шпедиција иако тој интерес еден период спласна. Сега има голем интерес со оглед на вклученоста на нашето стопанство вклучено во новите современи текови, вели проф. д-р Бранко Николоски, продекан за настава.

Високообразованиот кадар на ФТУ е баран на пазарот на трудот. Студентите по дипломирањето многу брзо и лесно добиваат вработување.

-Нашиот кадар е константно баран на пазарот на трудот, не само заради квалификационата подготовка, туку и заради системот на едукација и професионална подготовка, кој вклучува во себе и студентска пракса. Нашите студенти имаат задолжителна пракса и тоа, по еден месец да го минат во некои од нашите стопански субјекти. На тој начин ги градат нивните знаења, врски и контакти, кои подоцна ќе им ги отворат вратите за вработување. Имаме и студентски саеми за вработување, каде што студнентите ги презентираат своите квалификации и се вкрстуваат со работодавачите, додава Николоски.

ФТУ Охрид е најстарата образовна институција во земјава од областа на туризмот и угостителство.

Новинар Соња Рилковска