Skip to main content

Излезе од печат книгата „Во чекор со судбината“ за животната приказна на Марко Пејчиновски

Излезе од печат книгата за Марко Пејчиновски „Во чекор со судбината“, книга напишана од неговиот татко како сведоштво за неговата животна приказна

Неодамна од печат излезе книгата „Во чекор со судбината“ за животната приказна на Марко Пејчиновски, а напишана од неговиот татко Тони Пејчиновски.

Насловот на книгата претставува апстрактен поим за реална животна сторија, приказна за борба со непредвидливите искушенија што ги носи животот, а кои често ги припишуваме на судбината. Книгата не е мотивациска литература, туку искрен запис за соочување со реалноста, за непомирување и непотклекнување пред околностите.

-Во „Во чекор со судбината“ се опфатени лични подвизи и падови, години исполнети со препреки и искушенија, загубата на мајка ми, како и животните лекции што произлегуваат од тие искуства. Приказната е раскажана без разубавување, низ перспективата на татко кој ја документира борбата, растењето и животниот пат на својот син, вели Марко.

Бидејќи книгата е самостојно издание и нема издавачка куќа, истата е достапна за нарачка исклучиво преку директен контакт:
– телефон: 077 844 233
– порака / контакт: Instagram и Facebook