НУ Библиотека „Григор Прличев“
Во чест на Месецот на книгата роднокрајни автори читаа свои творби во Библиотеката
Следната средба на роднокрајните автори е договорена во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари 2024 година.
Вчера во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа поетско – прозно читање во рамките на активностите сврзани со октомври – Месец на книгата.
На поканата од градската библиотека се одзваа дел од роднокрајните автори од различни генерации кои беа во можност да дојдат и да прочитаат свои стихови и извадоци од раскази.

Роднокрајните автори ги истакнаа своите лични активности сврзани со пишаната реч, ја пофалија агилноста на вработените во градската библиотека за поканите на сите настани во установата, но и за подадената рака кон нив и побараа почести средби.
Следната средба е договорена во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во февруари 2024 година.


