Градските советници во четврток (14.03.2024 год) ќе ја одржат триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот.
На дневен ред се 86 точки меѓу кои извештаите за финансиското работење и Годишната сметка за 2023 година на општинските основни, средни училишта и градинката, усвојување на Годишната сметка за работата на јавните претпријатија.
Советниците треба да ги усвојат извештаите за реализација на годишните и развојните програми за 2023 година, годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2023 година и извештајот за годишниот попис за 2023 година.
На дневен ред е Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2024 година и 20 точки од областа на урбанизмот.
Дневниот ред за триесет и деветтата седница во целост може да го прочитате ТУКА.