Skip to main content

Ј.П.„Охридски Kомуналец”

Во четврток акција за подигнување кабаст отпад од населбата Видобишта

Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
 |  инфодеск  | 

Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.06.2024 год. (четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта.

Од претпријатието апелираат до лицата кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.06.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот

-Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад, се додава во соопштението.