Skip to main content

Prime Blue Institute и УИНТ „Свети Апостол Павле”

Во четврток инфо сесија за акцелераторот и можностите за грант за сина економија

Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира Prime Blue Institute од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” – Охрид.
 |  инфодеск  | 
Blue Economy

На 8ми Јуни, во просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator (при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”) ќе се оддржи Инфо Сесија со цел презентација на активностите на новоотворениот акцелератор како и тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија. 

Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина до 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат.

Сесијата е со почеток во 11:00 часот и присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумитеза учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема. 

На настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризами агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија. 

Повеќе информации за отворениот повик можете да најдете на следниот ЛИНК.

Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира Prime Blue Institute од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” – Охрид, Македонија.

Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Проектот е имплементиран од ГИЗ во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) како соработници