Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид
Во четврток ќе се одржи акција за подигнување кабаст отпад на улиците ,,Абас Емин” и ,,Железничка”
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 03.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реон опфатен со улиците ,,Абас Емин” и ,,Железничка”.
Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 03.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, порачуваат од Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид.