Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза
Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.
Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза. Во атарот на селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци. Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината.
„ Пцовисаната мрша не само што е пред влезот на селската црква Св. Наум, туку на 100-тина местри од местото се резервоарите и пумпите од каде што градот се снабува со вода. Тука се лозовите насади, градините со земјоделски производи, сливното подрачје. Сточарите од Орман го напасуваат и селскиот добиток“.
Станоески раскажува дека случајот веднаш го пријавиле до сите надлежни институциии од полиција, комуналниот инспекторат, а го известиле и ветеринарниот инспектор.
Апелираат до надлежните органи час поскоро да интервенираат да се отстрани пцовисаната мрша. Покрај тоа што стравуваат од еколошко загадување , им се наближува и селската слава Св Наум, на 3 јули масовно ја посетуваат црквата каде што во непосредна близина е фрлена мршата.Жителите бараат од надлежните органи да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат.
{loadposition content9}