Skip to main content

Во Дебрца пријавени 170 оштетени објекти

Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје.

 |  Валентина Неловска  | 
куки
куки

Советот на општина Дебрца денес ја формира Комисијата за проценка на настанатите штети од земјотресот што го погоди ова подрачје. Советниците, на денешната седница која имаше само една точка на Дневен ред, одлучија Комисијата да ја предводат дипломираниот архитект Симон Мартиноски и дипломираниот правник Зоран Ногачески, информира за ТВМ градоначалникот на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски.

белцистаКомисијата утре во 9 часот ќе излезе на терен за да ја отпочне постапката за проценка на штетите. Потоа следува изработка на Елаборат кој ќе се најде пред совентиците за усвојување, а потоа се препушта на Владината Комисија која ќе го има последниот збор“, вели Којчиноски.

Планирано е Комисијата во рок од пет дена да направи увид на пријавените објекти во најпогодените села од земјотресот: Белчишта, Злести, Велмеј и Оздолени.

До денес, во општината пристигнале 170 пријави, со кои луѓето поднесле барање за Владина помош и санација на нивните домови. Викендов владините министри Зоран Ставрески и Гордана Јанкулсока, кои потекнуваат од овој крај, ветија владина помош за семејствата кои претрпеа материјална штета од земјотресот.

{loadposition content9}