Skip to main content

Црвен крст Охрид

Во етер и втората сезона на „Младински подкаст“ од Клубот на млади при Црвен крст Охрид

Повторно во етер актуелниот и модерен серијал „Младински подкаст“ од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Клубот на млади при Црвен крст Охрид информира дека повторно го враќа својот актуелен и модерен серијал „Младински подкаст“.

Серијалот „Младински подкаст“ преставува место каде младите волонтери на Црвениот крст ќе можат отворено да зборуваат за најактуелните теми во денешницата кој ги залага младите младите, како и за нивните волонтерски искуства во Црвениот крст.

Во првата епизода, овогодинешниот ЦКА-ПХВ дименитарот на Црвен крст Охрид – Лина Јоноска, ќе зборува за својот пат по ПХВ дисеминатор. Односно: Што ја мотивирало да го започне нејзиното волонтерско искуство во Црвениот крст?, Што е ПХВ дисеминатор?, Низ кои предизвици се соочила како волонтер, а потоа и како дисеминатор? Во втората епизода, пак, долгогодишниот волонтер на Црвен крст Охрид – Лука Доленц, ќе зборува за неговото волонтерско искуство и како Црвениот крст му помогнал во неговиот живот и како го инспирирало да ја започне својата кариера како актер и да стане дел од екипата за Вдиши театар, велат од Црвен крст Охрид.

Водитeл е Сара Петкоска, монтажата е на Иво Георгиески, а Арсениј Ѓоршески и Никола Чекреџи се дел од логистичка поддршка.