Skip to main content

Црвен крст Охрид

Во етер третата епизода од подкастот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид со Сара и Арсениј

Повторно во етер актуелниот и модерен серијал „Младински подкаст“ од Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 

Синоќа во етер излезе и третата епизода од втората сезона од актуелниот и модерен серијал „Младински подкаст“ на Црвен крст Охрид.

Во оваа епизода, волонтер и спасител на вода во Црвен крст Охрид – Арсениј Ѓоршески, во оваа епизода ќе ни открие: Кој е патот кој треба да се поминме да се биде спасител на вода?, Од што се се состои една обука за спасител на вода?, Какво е чувството да се биде спасител на вода?, велат од Црвен крст Охрид.

Серијалот „Младински подкаст“ преставува место каде младите волонтери на Црвениот крст ќе можат отворено да зборуваат за најактуелните теми во денешницата кој ги залага младите младите, како и за нивните волонтерски искуства во Црвениот крст.

Водитeл е Сара Петкоска, монтажата е на Иво Георгиески, а Никола Чекреџи е дел од логистичка поддршка.