Во езерото заплови реплика на охридски чун
Во езерото заплови реплика на охридски чун.
Реплика на охридскиот рибарски чун заплови во езерските води. После 3 децении се изработи охридскиот чун според изгледот на оргиналниот чун кој беше уништен пред неколку години од одрон на карпата кај Лапидариумот. Неговата пловност денес беше испробана на пристаништето и предизвика љубопитност кај многу охриѓани и туристи.Чунот ќе биде само музејски експонат, информира архитектот Горан Патчев од Завод и Музеј.
„Ова беше пробна пловидба да видиме како чунот ќе се однесува во вода, беше успешно. Сега го носиме во лапдириумот кај Робевци. Таму ќе биде изложен и ќе се припреми соодветна изложба и промоција на чунот“, напоменува Патчев.
Станува збор за завршување на Проектот „Враќање на сеќавањата на стариот охридски чун“ на Завод и Музеј. Репликата е изработена со донации од Културно наследство без граници и Балканската музејска мрежа, како и фондацијата Ставрос Ниакос кој донираа 5000 евра за да се изработи чунот, посочува Патчев. Здружението Богојавление е заинтересирано да направи поголем чун со чардак кој ќе служи за фрлање на крстот за Водици, а ние сме подоготвени за соработка за да се дизајнира, вели Патчев.
„Овде не застануваме. Оваа приказна за чунот треба да се рашири заедно со регионалната занаетчсика комора од Охрид да се изработат модели на сувенири од чунот. Сувенирите да бидат атракција и привлечни за туристите во нашиот град“, додадава Патчев.
Охридскиот чун е изработен од бел бор, а чунот го изработил столарот Горан Димоски. Чунот го завеслаја 4 -ца кајакари од клубот Ехо, а помогнаа и од Здруженеито на возачи кои со специјално возило со дигалка го превезоа чунот до пристаништето, но и го префрлија во Лапидариумот.