Skip to main content

Во градинката Лихнида се одржа аукција на рачно изработени кукли

Во градинката Лихнида се одржа аукција на рачно изработени кукли.

 |  Валентина Неловска  | 
аукција
аукција

Во градинката Лихнида се одржа аукција на кукли. Родителите купуваа играчки во хумани цели.  Играчките ги  изработија децата згрижени во  објектите  на детската градинка Јасна Ристеска заедно со вопситувачите и родителите. 

кукли Собраните средства ќе бидат  донирани во хумани цели во рамките на проектот „Од дете за дете“, вели директорката на детската установа Роза Костоска.
„ Покрај основната цел креативноста да се изрази кај децата имаме уште една цел од мали нозе да се учат да бидат хумани, да ги вреднуваат предметите за нивна лична употреба, некои  за нив можеби немаат значење, но да докажеме дека имаат значење за некој кој ги нема и да помогнат каде што треба“, истакна Костоска.  
 
аукцијаЗа да се развеселат детските срца, кои живеат во семејствата во социјален ризик или се без родителска грижа, покрај денешниот настан, од градинката напоменуваат дека постојано  спроведуваат и други хуманитарни активности. Акциите се спроведуваат во соработка со Министерството за труд и социјална работа и Центарот за социјални работи, кажува Костоска.

„ Се однесува на собирна акција на храна, облека, обувки и други предмети кои може да искористат во семејствата во социјален ризик, децата од домовите без родители и децата кои подолго време  на болничко лекување. Еден голем дел од пакетите се испраќаат во установите во континуитет, се носат во Центарот за социјални работи и потоа се дистрибуираат каде што е потребно“, потенцира директорката.  

Проектот „Од дете за дете“ во детската градинка „ Јасна Ристеска“ се спроведува во текот  на целата година.
Следна аукција ќе се одржи во месец фебруар додека собирната хуманитарна акција на пари, облека, храна  и други предмети ќе се одвива во континуитет.   

{loadposition content9}