Skip to main content

Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел

Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел. Хотелскиот објект е со 4 ѕвезди и располага со 39 соби. Во рамките на комплексот работи и ресторан  со прилагодени цени за  семејни ручеци и вечери.

 |  Валентина Неловска  | 

Отворен нов хотелски објект во Охрид. Хотелот според угоститеските стандарди е од висока категорија со 4 ѕведи. Располага со капацитет од 39 соби. Од нив 31 соба се двокреветни, 2 еднокреветни, 1 фамилијарна и 5 делух, информира Виолета Анѓелеска директор на Кам Вилиџ.

„Сакам да напоменам дека објектот е бизнис хотел. Има конференциска сала со 60 места , современо е опремен со видео бимови, модерно лоби, конференциска сала. Може да се употребува за деловни состаноци, семинари и конгреси“, вели Анѓелеска.

Трговскиот комплекс каде што се наоѓа хотелот е модерно дизајниран центар според стандардите на западноевропските трговски центри, подвлекува Анѓелеска.

„Во хотелот има ресторан во кој се служи македонска и интернационална храна. Посебно сакам да кажам дека со цените во ресторанот ќе ја следиме политиката на мајката фирма Кам холдинг. Цените се прилгодени према побарувачката на клиентите. Ќе има ниски цени за семејствата еднаш до два пати неделно да си овозможат семеен ручек или вечера“, најавува Анѓелеска.

Трговскиот комплекс Кам Вилиџ се протега на 12.000 метри квадратни и покрај бизнис хотелот има 70 современи продавници, а од септември работи и детската игротека Вања.