Skip to main content

Во координирана акција полицијата и Ценатрот за социјални работи од охридската чаршија тргнаа лица кои питаат

Лицата  биле сместени кај нелегален станоиздавач кој заработил пријава од полицијата за кршење на Законот за живеалиште и престој. Центарот  за социјални работи лицата кои се затекнати како питаат ги вратил во местото на живеење. 

 |  Валентина Неловска  | 

Спроведена координирана акција на СВР Охрид и Центарот за социјални работи кои од охридските улици одстранија лица кои питаат. Акцијата е реализирана во делови од Охрид, во центарот на градот и чаршијата каде што биле затекнати две возрасни лица и десетина малолетници како питаат, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Биле направени и повеќе контроли на живелишта каде што тие лица најчесто привремено се сместуваат.


„Во понатамошниот тек се првеземени и мерки кон станоиздавачи кои им даваат сместување на овие лица. На улицата Гоце Делчев каде што е затекната една жена со 9 малолетни лица.Тие живееле привремено во таа куќа и сопственикот ќе заработи пријава во согласност Законот за привремено живеење и престој бидејќи истиот не е пријавен како станоиздавач во СВР Охрид и непоседувал документи за станоиздавање“.

Портпаролот на СВР Охрид, Димоски информира дека полициските службеници превземаат вакви контроли во самостојни акци , но и во соработка со ЦСР. Од СВР Охрид информираат дека и понатака поинтензивно ќе превземаат мерки според Законот за живеалишта и престој. Најчесто лицата кои питаат доаѓаат од други градови во пролетните и летните месеци.

„Лани поднесовме 4 пријави со ова кривично дело кое го решаваме согласно законот за прекршоци против Јавниот ред и мир. Се разбира дека останатите мерки ги превзема ЦСР“.

Службите на Центарот за социјални работи, пак лицата кои биле затекнати како питаат во Охрид ги вратиле назад во нивното место на живеење.