Во Куќата на Робевци изложена 3Д макета на античка гробница од македонски тип
Од НУ „Завод и музеј Охрид“ информираат дека во музејот Куќата на Робевци е изложена 3Д макета на античка гробница од Македонски тип која е откриена на локалитетот Караѓулевци, веднаш до античкиот театар во Охрид. Макетата е изработена на 3Д печатач од страна на Кирил Денковски, а за ликовното обликување е заслужен Диме Солаковски.

На самата локација од гробницата е поставена информативна табла за посетителите, а во рамките на овој проект беше изработена и виртуелна реконструкција на гробницата која е достапна на следниот линк
Кратко „time lapse“ видео од теренските активности во гробницата е достапен на следниот линк
Проектот е финансиран преку Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година, а успешната реализација се должи на одличната соработка на НУ Завод и Музеј – Охрид со Здружението Регионален зелен центар – Охрид. Стручниот тим кој го реализираше проектот е составен од: Бојан Танески, Борис Матески, Дарко Ангелковски, Кирил Денковски, Раде Атанасов-Б’ше, Мартин Гоџоски, Ана Бојаџиева, Христијан Петровски и до раководителот на проектот – Иван Малезан.