Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери
Во граѓанскиот универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери. Кандидати се едуцираат и за сметководители, а интерес има и за германски и италијански јазик. Со програмата за 2018 година ќе има и понатака обуки за повеќе занимања.
Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска.
Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови кандидати за обуки за споменатите занимања, а покрај германскиот ќе се изучува и италијанскиот јазик. Покрај овие конкурси ќе се продолжува и со дооформување на основното образование за возрасни. За овој вид на описменување на возрасни има 4 пријави, а бројот на лица кои не го завршиле основното образование е многу поголем посебно во струшкиот регион.
Во 2017 година во Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ со дипломи се стекнале 5 мина сметководители, 4 масери и 8 болничари. Со бесплатни курсеви кои финансиски ги поддржа локалната преку Тлер Работничкиот универзитет со прекфалификација обучи 30 охриѓани од неколку струки меѓу кои електротехничка и од машинска струка.